23 кандидати на огласот за нов републички јавен обвинител


23 кандидати официјално се во трката за местото Државен јавен обвинител. Собранието ги прими апликациите за огласот кој беше распишан на 14 септември а заврши во петокот. Најголем број од пријавените се адвокати, судии и јавни обвинители. Нивните аплиукации најдоцна утре ќе бидат доставени до Владата која е обврзана да побара мислење од Советот на Јавни обвинители.

Советот треба писмено да се произнесе во рок од 15 дена а неговото мислење има обврзувачко значење за владата. Ако мислењето не бдие дадено во рокот Советот може да добие нови 15 дена за оценка на кандидатите.

Доколку ниту еден од пријавените не добие позитивно мсилење Владата може да побара повторување на огласот за избор на јавен обвинител.

Неколку од кандидатите и јавно потврдија дека влегуваат во трката. Меѓу нив има истакнати адвокати и судии но и актуелни обвинители.

Последен кој ја изввршуваше оваа функција беше Марко Зврлевски кој проуизлезе од обвинителската фела.

Со оглед на роковите извесно е дека идниот обвинител ќе биде избран по локалните избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1