25 год девојка од Тетово е втората жртва од сообраќајката кај Охрид


Дарко А. (29) од Прилеп на лице место им подлегнал на повредите во момент кога патничко моторно возило „Пежо-206“ со прилепски регистарски таблички што тој го управувал, директно се судрило со патничко моторно возило џип „ГМЦ“ со американски национални ознаки управувано од Н.М. (56) од Кичево. На пат кон болницата „Св.Еразмо“ на повредите им подлегнала Билјана Ј. (25) од Тетово која била сопатник во возилото „Пежо-206“.

935871_3327758129286_397076271_nВо незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ц. (30) од Тетово сопатничка во возилото „Пежо-206“ и Н.М. (56) од Кичево кој го управувал џипот „ГМЦ“. Тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде се задржани на понатамошно лекување.

Сударот се случил во момент кога патничкото моторно возило „Пежо-206“ кое се движело од Охрид кон Кичево, од засега непознати причини преминало на спротивната коловозна лента од каде во правец кон Охрид се движел џипот.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на дежурен истражен судија и заменик јавен обвинител од Основниот суд во Охрид, овластен судски вештак како и полициски екипи од СВР Охрид. За време на увидот кој траеше од 19 часот до 22 часот, сообраќајот на магистралниот пат беше во целосен прекин. Двете возила со влечна служба се подигнати од местото на незгодата  и врз нив ќе се изврши дополнително вештачење.

Од Н.М. возач на џипот обезбедена е крв за понатамошна анализа а по наредба на Истражен судија, врз починатите денес ќе биде извршена обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1