Сакал што почесто да е во Македонија – Аца Лукас купува стан во Охрид


Концертот помина фантастично, навистина нема зошто да правам лице секогаш кога сум кај вас си поминувам одлично, а Охрид посебно ме исполнува.

aca-lukas1Заради тоа и жалам што поради однапред закажаните настапи не можам да останам неколку дена, изјави за Вечер Лукас по концертот, откривајќи дека од следната година не само што ќе биде почест гостин во Охрид туку ќе биде и негов жител затоа што решил да си купи стан.

-Одлуката падна решив да купам стан и да уживам повеќе во една од моите омилени дестинации за летување. Цел свет сум го прошетал, но овој мир и оваа убавина ја нема никаде. Веќе разговарав за станот и наскоро се надевам во рака ќе ги држам и клучевите, додава фолкерот, кој за весникот открива дека пикирал луксузен апартман во новиот комплекс лоциран на местото на некогашниот хотел Парк.

Локацијата и објектот се екстра, ќе уживам и јас и моето семејство затоа што во склоп на комплексот има за сите по нешто. Ми се допаѓа тоа што ќе се будам со поглед на езерото, вели пејачот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1