Се превртел чамец – едниот татко починал, другиот спасил пет деца


Во Љубачкиот залив кај Паг, двајца татковци со своите деца се качиле во мал чамец да се повозат, но набргу се случила трагедија.

nesrekja tatko1Очигледно поради преголемиот товар малиот чамец се превртел. Во моментот во него биле двајцата татковци и пет деца.
Сите биле германски државјани, двајца татковци кој едниот бил со две, а другиот со три деца.  Едниот маж настрадал, но присебноста на вториот татко ги спасила 5 дечиња. Тој успеал со нив да доплива до брегот каде веднаш повикал помош. Освен случајните минувачи и брзата интервенција на брзата помош ги спасила децата.

Другиот татко, 43 годишен бил веднаш пронајден и извлечен на брегот каде веднаш му била применета реанимација, но за жал, само била констатирана смрт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1