Се работи за 25-годишниот Есад Бекир кој според доказниот материјал од полицијата, во повеќе наврати фрлал со камења кон полициските службеници за време на протестите во Скопје.
Во еден момент лицето земало картон, го запалило, а потоа го предизвикало пожарот во автобусот на ЈСП.
Според информациите тој во полициската станица го признал делото. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Второто лице, 24-годишниот Бујар Асај бил идентификуван при преглед на снимките од немирите на кои тој се гледа како го каменува автобусот, а потоа влегува во него и кратко потоа го напушта.
Пожарот настанал кратко по неговото излегување. Покрај овие двајца, во притвор се наоѓаат уште три лица, осомничени за учество во толпа која ќе стори кривично дело.
прес 24