250 килограми марихуана запленети во Отрантскиот канал



Двајца албански државјани, жители на Драч се обиделе да прошверцуваат 250 килограми марихуана преку Отрантскиот канал.

Во намерата биле попречени од италијанските поморски патроли и биле уапсени. Осомничените биле забележани од италијански авион кој бил во вообичаена контрола нешто пред полноќ. Чамецот се движел во правец на италијанските територијални води. Двајцата албански државјани кога сфатиле дека се откриени се обиделе да го потопат чамецот. Сепак полицијата успеала да ги фати и да ги уапси.

На пазарот запленетата дрога достигнува вредност од околу два милиони евра.

Од почетокот на годинава само италијанските поморски полициски патроли имаат запленето околу пет тони мархуана од Албанија.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1