26-годишна девојка почина од грип во Ниш, 4 пати ја враќале од Брза помош


Дваесет и шест годишната Невена Маргетиќ е девојката која вчера почина од грип на Инфективната клиника во Ниш, Србија. Нејзиното момче Игор Стаменковиќ за српски „Телеграф“ вели дека четири пати биле во Брза помош пред да неа да ја примат во болница.

Симптоми на респираторна инфекција Невена почнала да покажува на 19 јануари, кога првпат побарале лекарска помош. Од болница ја испратиле со рецепт за парацетамол. И вториот и третиот пат ја добила истата терапија.

Момчето раскажува дека неа и станувало сè полошо, тешко дишела и била во критична состојба.

Четвртиот пат кога се обратиле за помош, таа била примена на Пулмологија, па на Инфективна.

Немам никакви замерки за нивната работа, зошто откако ја примија, тие дадоа сè од себе, но Невена почина, вели Стаменковиќ.

За нејзината смрт ги обвинува лекарите од Брза помош.

Требаше да добие упут за во болница уште првиот пат, имаме епидемија со грип. Можеше да биде спасена, вели тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1