26 годишно момче уапсено за убиството во Радовиш


Поради постоење основано сомнение за причините на смртта на радовишанка родена 1948 година, јавниот обвинител издал наредба за вршење обдукција на телото на покојната, како и наредби за откривање и утврдување на докази за сторено насилство, соопштија од Јавното обвинителство од Струмица.lenta policija telo

Телото на радовишанката го пронашол нејзин роднина вчера во вечерните часови во нејзиниот дом во Радовиш.​

Полицијата рано утринава уапсила 26-годишно момче од Радовиш, осомничено за смртта на 68-годишна сограѓанка, чие тело беше пронајдено вчера од нејзини најблиски во станот на жртвата.

Од полицијата велат дека убиството е извршено од користољубие. Засега се знае дека на телото на жртвата имало низа повреди, но други детали не соопштуваат. Според непотврдени информации, жртвата пред смртта била малтретирана, а од нејзиниот дом се украдени околу 3.000 евра. На осомничениот денеска му е одреден и 30 дневен притвор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1