27 год подоцна – град на духови и храбри туристи – Чернобил (Фото)


Пред точно 27 години,  ноќта меѓу 25 и 26 април 1986 година во атомската централа Чернобил во близина на гратчето Припјат, се случи најтешката нуклеарна катастрофа во историјата.

329172_cerno-09_fЕден од реакторите на нуклеарната централа „Владимир Илич Ленин“ експлодира. На лице место настрадаа 31 човек, од озрачената територија беа евакуирани повеќе од 100.000 луѓе, а радиоактивниот облак во деновите кои следеа прекри значителен дел од Европа.

Покрај Советскиот Сојуз, изложени беа и Полска, Бугарија, Германија, Шведска, Швајцарија, Белгија, Холандија, Велика Британија, Финска, СФР Југославија, Романија, Австрија, а радиоактивната прашина зафати и подрачја од источниот дел на САД.

329173_cerno-10_fСпоред податоците на министерството за здравство на Украина, како последица на чернобилската катастрофа, под медицински надзор се наоѓаат два милиони луѓе, а проценуваат дека од последиците на радијацијата умреле меѓу 200.000 и 400.000 луѓе..

Градот Припјат – често нарекуван Чернобил, денес е „град на духови“, кој повремено го посетуваат само храбри туристи.

Порано овде живееле 49.400 луѓе. Во посебната зона од 30 километри денес може да се влезе само со дозвола и специјална опрема.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1