27 кандидати за независни градоначалници – рокот за потписи истекува на полноќ


Денеска на полноќ завршува собирањето на потписи за независни кандидатури за градоначалник и советници за локалните избори на 15 октомври. Според досегашната евиденција на Државната изборна комисија потписи собираа 27 кандидати за градоначалници и 47 кандидати за носители на советнички листи низ Македонија. Партиите и независните кандиати своите кандидатури треба да ги поднесат до општинските изборни комсиии до 14 септември, по што ќе се знае и конечната листа на учесници на изборите во октомври.i

Независни кандидати се пријавиле речиси за сите општини во Македонија. Досегашниот кандидат на општина Центар Андреј Жерновски од ЛДП, кој на минатите избори беше колициски кандидат на СДСМ, овој пат влегува во изборната трка како независен кандидат. Дури 12 кандидати за носители на независни советнички листи се пријавиле дека собираат потписи за локланите избори во Македонски брод. Четири независни листи на советници се пријавени во Петровец, а по три во Радовиш и Охрид.

Засега за Скопје нема ниту една независна кандидатура за градоначланик или пак, за носител на советничка листа.

Познати се дел имиња за градоначланици кои на 15 октромври ќе влезат во трката како партиските или коалициските кандидати. СДСМ објави листа на 20-тина имиња за кандидати, како што се пратеникот Стефан Богоев за Карпош, потпретседателот на СДСМ Благој Бочварски за Штип, директорот на истражниот затвор Шутка Александар Наумовски за Ѓорче Петров, Златко Марин во Аеродром. Се зборува дека во градоначалничка трка би влегол и пратеникот Петре Шилегов кој би се кандидрал за Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ досега ги објавија имињата на кандидатите за Струмица – Марјан Бајрактаров, за Петровец – Борче Митревски, за Велес – Славчо Чадиев, за Кривогаштани – Тони Затковски и за Куманово – Зоран Ѓорѓиевски. Нова кандидатура за Скопје веќе подолго време највува и градоначалчникот Коце Трајановски.

Помалку се познати имињата за градоначалници во албанскиот политички блок. Министерот за здравство Арбен Таравари од редовите на Движењето на Зијадин Села денеска потврди дека ќе се кандидра за градоначалник во Гостивар.

Против кандидат од редовите на ДУИ ќе му биде актулениот градоначалник Невзат Бејта. Од партијата на Али Ахмети извесен за нова кандидатура е и градоначланикот на Кичево Фатмир Дехари. ДУИ, пак, се уште официјално не пресекла кого ќе кандидира за градоначалници на Тетово, Гостивар, Струга, Сарај, Липково, Арачиново.

ДПА на Мендух Тачи вчера ја официјализираше кандидатурата на Бардил Дестани за градоначалник на Липково.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1