27 татковци од Македонија зеле породилно- најбројни се скопјани, па битолчани


Оваа година најмногу од татковците што менуваат пелени се од Скопје. Следуваат Битола со шест мажи на породилно, Охрид со тројца, по двајца татковци на породилно има во Радовиш и во Велес и по еден во Демир Хисар, Тетово, Струмица и во Кочани објави „ТВ Тера“ од Битола.tatko i bebe2

Најчесто породилно боледување користат мажи кои одлучиле да седат дома од финансиски причини – односно нивната сопруга заработува повеќе од нив. Има и такви што остануваат дома да чуваат бебе ако мајката е болна или ако починала.

Се зголемува бројот на татковци што, наместо мајките, остануваат на породилно боледување и чуваат бебиња, покажуваат податоците на Фондот за здравствено осигурување.

Само во првите шест месеци од годинава на боледување останале 27 мажи, што е драстично поголема бројка во споредба со минатата и со претходните години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1