28 годишен штипјанец помеѓу најбараните сајбер криминалци


28 годишниот штипјанец Марко Леопард е дел од најголемата досега откриена сајбер криминална група. На официјалната веб страна на министерството за правда на САД, Леопард заедно со уште 36-мина од Украина, Англија, Египет, Пакистан, Австралија, Србија, Косово и САД, се товарат дека предизвикале вистинска загуба за потрошувачите, бизнисите и финансиските институции во висина од 530 милиони долари.

Тринаесетмина се приведени, но се претпоставува дека доколку продолжеле со кражба на идентитети, кредитни картички, банкарски и финансиски информации од целиот свет, штетата би изнесувала неверојатни 2,2 милијарди долари.

– Мозокот на „Инфрауд“ организацијата бил украинецот Свјатослав Бондаренко, а била формирана во 2010 година. Марко Леопард и се приклучил една година подоцна. Тој бил на дното на организациска хиерархија, со задача да ги крие трагите на хакерите

Според неофицијални информации, штипјанецот е приведен надвор од земјава и ова е негово второ апсење за компјутерски криминал. Од СВР Штип велат дека им е познат од порано, но дека не се дел од оваа истрага.

Sitel.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1