3 девојчиња киднапирани пред 10 години најдени во куќа каде ги држел киднаперот (Видео/Фото)


Три жени кои биле киднапирани пред десетина години и од тогаш им се губи секоја трага, се пронајдени живи во една куќа во градот Кливленд во американската сојузна држава Охајо.

devojcinja kidnapirКако што јавија американските медиуми, во врска со киднапирањето на трите жени полицијата уапсила една 52-годишен маж кој работел како возач на автобус.

Жените биле пронајдени кога еден човек, кој живеел во соседството, слушнал врискотници и упаднал во куќата каде ја пронашол Аманда Бери, кој исчезнала во времето кога била тинјеџерка. Тој и го дал неговиот мобилен телефон и таа се јавила во полицијата.

– Помогнете ми. Јас сум Аманда Бери. Бев киднапирана пред 10 години и сега сум тука. Слободна сум, им објаснила возбудената жена на операторити на службата за итни повици 911.

devoj2

Таа рекла дека нејзиниот киднапер излегол од куќата и ја молела полицијата да дојде што побрзо, пред тој да се врати.

Чарлс Ремзи, соседот кој ја пронашол Аманда, во изјава за телевизијата Си-Ен-Ен рече дека кога влегол во куќата ја затекнал жената како се обидува да ја отвори вратата. – Таа излезе од куќата со мало девојче, додаде Ремзи.

Во врска со киднапирањето е уапсен 52-годишниот возач на училишен автобус Ариел Кастро. Според полицијата, најмалку една од трите жени има негово дете.

Чичкото на Кастро за една локална телевизија изјави дека неговиот внук е сопственик на куќата во која се пронајдени жените.

devojc– Имаме многу прашања кои се без одговор. Среќен сум што трите млади жени беа пронајдени живи, изјави градоначалникот на Кливленд, Френк Џексон, додавајќи дека истрагата за целиот случај е во тек.

Аманада Бери исчезнала на 21 април 2003 година. Втората жена, Џина ДеЏизис била киднапирана една година подоцна, а третата, Мишел Најт уште во 2000 година. Во времето на киднапирањето Бери имала 17 години, ДеЏизис 14, а Најт 20.

Трите жени веднаш се пренесени во болница, каде лекарите констатирале дека се во добра здравствена состојба.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1