Полицијата соопштила дека тригодишно момче искршило вистински, голем „џип“, а потоа заминало дома да гледа цртани филмови.
Властите велат дека момчето „облечено“ само во пелени, влегло во „џипот“ и чепкало во командите, при што успеало да го извади менувачот од брзина.
Сведоците рекле дека автомобилот тогаш се придвижил сам низ улица во градот Миртл Крик, преминал раскрсница и удрил во куќа која малку ја оштетил.
Соседите повикале полиција, која го нашла момчето како гледа ТВ. Рекло дека неговите родители не се дома, но дека неговиот братучед спие.
Полицијата прекршочно го казнила 22-годишниот братучед кој не внимавал на детето кое му било доверено на чување.