3 години затвор за возачот кој прегази девојка кај „Сити мол“


Три годишната затворска казна за возачот кој ја усмрти нивната ќерка, ги разочара родителите на Викторија.

Велат, згрозени биле од одлуката на судијата Љубинка Башевска.

„Немам зборови, згрозен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба. Друго немам ништо, згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“, изјави Славчо Николов, татко на починатата Викторија Николова.

Адвокатите на семејството најавиа жалба. Сметаат дека казната е незериозна и еднаква на ослободителна пресуда.

„На 20 вечерта трепкаше жолто светло, за жал, денес, овој суд дозволи светлото да биде зелено и на тој начин дозволува вакви престапи да поминат неказнети“, изјави Владимир Михајловиќ, Адвокат.

„Иако побаравме пресуда која ќе одекне во јавноста како апел за да престане ваков вид на кривични дела бидејќи секојдневно ни гинат пешаци во градот, но, за жал, пресудата од три години, сметаме дека обвинетиот ја доживува како ослободителна пресуда“, изјави Билјана Андонова, Адвокат.

Јордан Ѓоргиев во солзи ја слушаше пресудата. Возел со брзина над дозволената, не обрнал внимание на семафорот па директно удрил во девојката – објаснуваше судијата. Рече дека признанието на вина влијаело за висината на казната.

За казната немаше забелешка возачот ниту пак неговиот адвокат. Тој бара укинување на притворот за Јордан.

Сообраќајката во која загина радовишанката Викторија Николова се случи во јануари кога во неа со автомобил удри 22 годишниот Јордан. Тој го призна делото, рече дека се кае и посакува да бил на местото на починатата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1