Единаесет луѓе се повредени во силна експлозија од којашто е целосно урната фасадата на зграда во центарот на белгискиот град Вервие, пренесуваат медиумите.
„Фасадата е целосно урната, така што може да се види внатрешноста на становите. Со полесни повреди се здобиле 11 луѓе“, се вели во извештајот на телевизијата RTL.
Се додава дека детонацијата во раните вечерни часови претставувала опасност и за околните објекти, поради што од соседната зграда биле итно евакуирани 15 станари.
Полицијата веднаш го обезбеди местото на инцидентот. Според првичните сознанија, станува збор за експлозија предизвикана од истекување на гас за домаќинства.
Кон крајот на ноември во Вервие беше спроведена голема антитерористичка операција, во потрага по лица осомничени за вмешаност во терористичките напади од 13-ти ноември во Париз.