Некои веруваат дека исчезнатиот малезиски авион е киднапиран и сокриен во американската воена база на напуштениот остров Диего Гарсија во Индискиот Океан. Таа воена база експресно беше строго затворена од Пентагон кога во јавноста допреа информациите за ваквата теорија. До оваа база денес не може да се допре а вистинско чудо е што истрагата по авионот која се водеше со месеци не се ни доближи до овој остров иако тој се споменуваше како една од можните дестинации за исчезнатиот авион.
Последната информација за боингот е таа дека малезиските власти повеќе од месец дена криеа една многу важна работа – во исчезнатиот боинг имало преку 2 тони потполно непознат товар. Што превезувал овој боинг сите се прашуваат. Официјалниот одговор секако нема да го добиеме бидејќи во прашање повторно се “тајни” и доверливи информации.
Но има нешто многу интересно во врска со се ова. Наводно, најпознатиот германско-баварски визионер, Алоизе Ирлмаиер кој низ животот имал многу визии околу тоа како ќе започне Третата светска војна, во една од нив го споменува и мистериозниот авион.
За време на Првата светска војна Алоизе Ирлмаиер бил жив закопан во ров во Русија. Кога по долго време случајно го откопале, како што кажуваат, тој бил жив-мртовец. Поради ваквата траума започнал да има визии. Им помагал на луѓето и на полицијата при нерешени случаи, а пред неговата куќа постојано има огромни редици. Дури и канцеларот Конрад Аденауер му се обратил на него за совет. Алоизе Ирлмаиер предвидел кои градови ќе бидат бомбардирани, а им помогнал и на многумина по Втората светска војна да си ги пронајдат своите роднини.
Тој тврдел дека Третата светска војна ќе започне со убиството со нож на некој функционер и тоа на Балканот и дека златниот град (Прага?, Рим?) ќе биде урнат до темел.
Но, она што е најинтересно во неговите изјави е мистериозниот авион кој се појавува повеќе пати како една од причините за претстојната војна.
Тој за визиите го изјавил следново:
“Авионот се појавува од правец на исток кој ќе испушти огромен предмет во морето кај Англија. Водата ќе се подигне како во едно парче во висина на огромна кула и ќе се врати назад во силен потрес. По ова ќе дојде до огромна поплава по целите европски брегови, се до Берлин”.
Визијата од педесетитте години на минатиот век се поклопува со изчезнатиот малезиски авион, токму кога сите очи се вперени кон можноста за Трета светска војна поради украинската криза. Дали оваа приказна е само случајност или има нешто вистина во неа, проценете сами.