Жена избодена со нож – тепачка меѓу две семејства во Битола


Една жена е избодена со нож, а три лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.

g_nozВо неделата вечер настанала расправија помеѓу две семејства од Битола, која прераснала во физичка пресметка. Дваесет идеветгодишниот Ф.В. со нож ја прободел М.В., по што тој заедно со 20-годишниот Е.В. физички нападнале уште две лица на кои им нанеле скршеници на раката и повреди на главата. Едниот од нив бил удрен со метален предмет во главата и е задржан на лекување на клиниката во Битола.

Полицијата поднесе кривична пријава против Е.В.(20) и Ф.В.(29), двајцата од Битола, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”, а судија им одреди притвор од 30 дена

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1