3 црногорци поради ураганот заробени на брод среде Бермудски триаголник


Тројца жители на Подгорица, работници на бродот „Истражувач на морињата“ (Exsplorer of the seas), кој синоќа се наоѓал во епицентарот на Бермудскиот тријаголник во Атлантскиот Океан, по ураганот Сенди, се отсечени од светот, но успеале да испратат електронска порака до весникот „Вијести“.

Телефонските врски се во прекин и тие немаат можност да им се јават на блиските, пратиле е-мејл до весникот.

Мирко Лековиќ напишал дека бродот на моменти се наведнувал и до 60 степени.

– Буквално сега сме отсечени од светот. Моментално сме во епицентарот на Бермудскиот тријаголник. Изутрината на бродот имаше повеќе повредени лица. Пред еден час капетанот јави дека за жал ураганот Сенди ќе стори следните три дена да бидат уште полоши, напишал Лековиќ.
Тој информирал дека на бродот со него се уште двајца мажи од Подгорица и засега се сите добро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1