3 загинати и над 150 повредени на денешните протести во Киев (ВИДЕО)


Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во  украинската престолнина Киев денеска погинаа најмалку тројца опозициски демонстранти, а околу 150 се повредени, од кои неколкумина потешко, соопштија лекари од редовите на опозицијата.

Лекарите кои во полската болница ги згрижуваат повредените опозиционери, изјавија дека повеќето луѓе се повредени од шок-бомби, а дека 30 потешко  повредени се здобиле со повреди на главата и дека на едно лице му е ампутирана раката, јавија француските медиуми.

kievПред украинскиот Парламент во Киев утринава дојде до судир меѓу полицијата и неколку илјади демонстранти, кои се обидоа да дојдат до зградата на Парламентот за да  го засилат притисокот врз претседателот Виктор Јанукович, но беа попречени од полицијата која постави колона полициски камиони.

Демонстрантите врз полицајците фрлаа камења и камени плочки од плочникот, запалија три полициски камиони, а полицијата одговори со испукување гумени куршуми и чадни бомби, пренесоа светските агенции.

Околу 20.000, главно, мирни демонстранти утринава тргнаа во протестна прошетка од главниот киевски Плоштад на независноста кон зградата на Парламентот, барајќи гласање за реформите со кои на претседателот Јанукович ќе му се намалат клучните надлежности.

Во Киев веќе речиси три месеци траат проевропските протести, почнати откако  Јанукович во ноември се откажа од подготовката за потпишување на Спогодбата за придружување со Европската унија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1