30 годишен македонец добил мозочен удар – пушел 5 кутии дневно и бил по 16 часа пред компјутер


Пушел по 4 до 5 кутии цигари на ден не користејќи запалка. 16 часа дневно работел пред компјутер. На 30 години добил мозочен удар и завршил во градската болница 8-ми септември. Таму ги провериле сите параметри и единствено нездравите и лоши навики биле причина за ударот. Алармантно е што годинава дури 268 случаи на мозочни удари се под 40 годишна возраст. Меѓу нив е и 10 месечно бебе каде причина бил генетскиот фактор. Ризик факторите се многубројни, но раното откривање и препознавање на симптомите е чекор напред во медицинскиот третман,пренесува Сител.alo lekar

-Пушењето е штетно и тоа многу. Немањето на физичка активност, брзата храна, стилот на живеење, се тоа влијае за мозочни удари, вели д-р Сашо Стојчев директор на градската болница 8-ми септември

Единствен спас за оние кои доживеале акутен мозочен удар е тромболитичната терапија која мора да ја добијат во првите 3 – 4ипол часа од почетокот на симптомите. Од ноември истата ќе биде достапна и во трите клинички болници во Тетово, Штип и Битола.

Во интерес на побрз третман на пациентите со мозочен удар, овозможуваме потребната тромболитична терапија овие пациенти да ја добијат во повеќе центри низ државата, односно овозможуваме достапност на оваа здравствена услуга во повеќе региони.

Имено, досега тромболитичната терапија се аплицираше само во рамки на Градската општа болница „8 Септември“ и Универзитетската клиника за неврологија.Планираме сериозно да се намали упатувањето на овие пациенти кон Скопје и сериозно да се забрза третманот на пациентите со мозочен удар, вели Никола Тодоров министер за здравство.

А за да не ги лекуваат последиците од мозочниот удар, директорот на Неврологија вели дека е многу важно пациентите да ја добијат на време.

-Ако веќе е касно, тогаш ние се занимаваме со последиците, со инвалидитетот што го предизвикува ударот, вели Игор Кузмановски директор на Клиника за Неврологија

Во светски рамки, мозочниот удар e трет на листата на причинители на смртта, после кардиоваскуларните и малигните заболувања, додека во Кина и Јапонија претставува водечка причина за смртност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1