Поради големата суша и слабиот род на пченица, лебот во наредниот период најверојатно ќе поскапи, дури и до 30%, доколку не се преземат мерки.
Поскапувањето им е во интерес на мелничарите кои веќе некое време најавуваат дека цената мора да се зголеми за да можат ренатабилно да работат. Државата пак, најави дека ќе интервенира и ќе продава жито од стоковите резерви.
поскап леб им се најавува и на сите земји од регионот. Сушата ги погоди сите земји и секаде производството на пченица е на многу пониско ниво за разлика од минатата година.