30 заболени од ебола избегале од болница


Најмалку 29 лица заболени од ебола побегнаа од здравствениот центар во Либерија, откако тој бил мета на вооружени напаѓачи, кои го ограбиле.

ebola345Челниците на локалната Асоцијација на медицински работници потврдија дека нападот се случил.

– Ја разбиле вратата и упаднале во центарот и се ограбиле, извикувајќи дека во земјата нема ебола, по што речиси сите пациенти побегнале, рече Ребека Весех од Асоцијацијата.

Упадот во медицинскиот центар се случува непосредно по одлуката на Кенија да ги затвори границите со Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне, поради страв од ширење на еболата.

Националниот авиопревозник „Кенија ервејз“ минатата недела ги суспендираше сите летови кон Монровија и Фритаун.

Ширум Западна Африка од ебола оваа година починаа најмалку 1.145 лица

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1