300 илјади евра за изградба на брод на Охридското езеро


Охридската бела флота во ново руво. Покрај 4-те бродови, украс на синото езеро ќе бидат неколку бродови кои ќе се градат а чинат вистинско богатство. Во Охрид има семејства кои иако засега се занимаваат со мал семеен бизнис, подговени се да вложат најмалку по 300.000 евра, бидејќи толку чини изградбата на нов езерски убавец. Дека има иницијатива, потврдуваат и од охридската капетанија.ohrid

Деталите се деловна тајна, но она што се знае е дека единствено охриѓани гледаат голем бизнис потенцијал во изградба на бродови кои наликувајќи на пловечки хотели, ќе се истакнат со својот гламур и пространост.

Градењето на бродови е скапа играчка, но странците сакаат да уживаат во повеќедневни крстарења за што постојните бродови немаат услови но тоа не ја намалува нивната атрактивност. Своевремено пловејќи по езерото уживал наследникот на австриската династија, Ото фон Хабсбург, и грчкиот принц Николаос.

Со капацитет за 200 патници, засега бродот Александија е најголемиот кој плови по Охридското езер и е долг околу 28 метри, а широк 6 метри.

alfa.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1