3000 евра казна за директорите на училиштата кои ја прекинаа наставата заради празнување


Државниот просветен инспекторат казни директори на неколку основни и средни училишта кои поради прославата на денот на албанското знаме и 100 години од албанската држава ја прекинаа наставата. Глоба од 2500 до 3000 евра ќе треба да платат одговорните на училишта од Скопје, Тетово и во Гостивар.
При инспекциските контроли просветните инспектори констатирале и неправилности со тоа што во неколку училишта за време на прославата на албанското знаме и албанската држава биле поставени табли со албански имиња на училишта.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1