31-ВИ ДЕКЕМВРИ КРАЕН РОК ЗА ИСПЛАТА НА К-15, КАЗНИ ОД 1000 ДО 4000 ЕВРА


Обврската за исплаќање регрес беше воведена во 2014-та година, а со неа се опфатени околу 300 илјади вработени во приватниот сектор. Од ССМ ги охрабруваат работниците, на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор, да се обратат до Државниот инспекторат за труд или да покренат судска постапка против компанијата.

Според законот, за непочитување на одлуката за исплата на к-15 следуваат казни од 1000 до 4000 евра.broenje denari pari mk

Сојузот на синдикати на Македонија потсети дека до крајот на годината во приватниот сектор треба да се исплати регресот за годишен одмор односно К-15. Од Синдикатот истакнуваат дека регресот за годишен одмор се исплаќа во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во годината кај ист работодавач.

За работодавачите кои нема да исплатат регрес за годишен одмор или ќе побараат од работниците да ги вратат парите предвидена е затворска казна до една година.

Од ССМ потсетуваат дека со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач може да се исплати регрес за годишен одмор поголем од утврдениот со Општиот колективен договор, додека оние фирми кои имаат потешкотии во работењето во консултација со синдикатот на ниво на гранка може да утврдат исплата на К-15 во помал износ.

Спогодбата за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за приватниот сектор со која се овозможи исплата на К-15 беше потпишана во 2013 година од страна на ССМ и Организацијата на работодавачи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1