Млада мајка почина од рак откако нејзините доктори во болницата и кажале грутката на градите да ја третира со масло од јаглика.
33- годишната Самина Чондри од Нортхемптон, во Англија, во неколку наврати ги предупредила лекарите дека маслото не помага, но тие дури после две години направиле биопсија.
Ракот веќе толку напреднал така што не можел да се третира со терапија. Скенерот и магнетната резонанца покажаа и метастази во мозокот.
Нејзиниот сопруг Мохамед сега ги одгледува нивните деца – Зишан (13) и Осман (11).
При првата посета на лекар во 2006 година на Самина докторите и кажале дека има кожна егзема и и препорачале да се мачка со масло до јаглика.
„Кога конечно е дијагностициран ракот, веќе било премногу доцна. Почна да губи крв. Тоа беше страшно, а мојата сопруга немаше шанси”, изјавил нејзиниот сопруг Мухамед.
Направена е мастектомија, а потоа Семина поминала низ неколку циклуси на хемотерапија и зрачење.
За време на нејзината болест, таа продолжила да оди на работа и да им помага на родителите и децата. Одлучила да умре дома и дневната соба е претворена во импровизирана болница. За еден месец, Самина починала.
По законска постапка, било одлучено управата на болницата да му плати надомест на семејството, пренесува Дејли Маил.