33-ца заразени со жолтица за една недела во Скопје – досега 264


Епидемијата на жолтица во Скопје продолжува. Скопскиот центар за јавно здравје регистрирал 33 нови случаи за изминатата недела. Со тоа вкупната бројка се искачи на 264.

Меѓу новозаболените, според информации на zdravstvo24.mk има од сите возрасти. Заразени се и неколку мали деца кои не одат во градинка туку жолтица добиле од лични контакти.zolticaaa-300x203

Има и основци и средношколци но по еден случај во училиште што според епидемиолозите е добро. Тоа значи дека жолтицата не се шири низ училиштата. Ја има во сите скопски општини а најмногу се регистрирани во Шуто Оризари.

Епидемилозите велат дека ова е тивка епидемија и нема зголемување на бројот во однос на изминатите недели. Ја следат состојбата на терен како и спроведувањето на мерките за превенција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1