35 евра казна доколку детето не ви е во детско седиште


Според официјалната статистика од Министерството за внатрешни работи, од 2015 ггодина или од кога оваа обврска е задолжителна изречени се само 39 глоби за овој прекршок низ цела држава. Казната е 35 евра и 15 негативни поени. Во исто време црната статистика на смртност на децата во сообраќајни незгоди е поразителна

Според податоците децата се често дел од сообраќајните незгоди. Бројките од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата покажуваатоти во 2015 година, од 148 загинати лица во сообраќајни незгоди, 22 биле деца до 18 години, а 9 од нив биле деца на возраст до 4 години.

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ги регулира правилата за превоз . Во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

Во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.

Детето треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.

Доколку не се почитуваат овие правила предвиден е мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода на возачот кој постапува согласно овие правила.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1