37 фирми добија забрана за работа зашто ги терале работниците да работат на +40


Министерството за труд и социјална работа инфорима дека во од 29 јуни до 1 јули, за време на топлотниот бран дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршиле 97 инспекциски надзори​ од областа на безбедност и здравје при работа на целата територија на Република Македонија.

„Притоа, ​за 37 правни субјекти беше донесено решение за забрана ​за работа, ​а на останатите контролирани правни субјекти им беше укажано на обврската за почитување на соодветните​ ​препораки. Инспекциските надзори се извршени во дејностите: градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад, земјоделие​ ​и​ ​други​ ​дејности“, соопшти Министерството за труд и социјална работа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1