Возач на автобус починал од неутврдени причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар.
Според СВР Тетово синоќа на превојот„Стража“ починал 37-годишниот Г.Д од Скопје, возач на автобус „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици.
Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на „Стража“, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.