Папата Франциск: И благодарам на Македонија што го доживеав ова богатство во Скопје


Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциск по завршувањето на тридневната посета на Бугарија и на Северна Македонија изјави дека најмногу го импресионирале калуѓерките на Мајка Тереза во Скопје.

Папата Франциск на новинарите кои патуваа со него во папскиот авион на враќањето во Рим изјави дека не бил воопшто изморен од тридневната посета на Бугарија и Северна Македонија.

82-годишниот папа рече дека е вчудоневиден од многу работи додека патувал низ светот, но оти две особено го погодиле во Бугарија и во Северна Македонија.

Една од нив, како што рече тој, била средбата со калуѓерките во спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје.

„Ние сме навикнати да се навредуваме, политичарот го навредува другиот, соседот го навредува другиот, дури и во семејствата се навредуваат едни со други. Не знам дали постои култура на навреди, но секако навредата е нешто што ние лесно ја користиме. Дури и лошо да се зборува за другите, да се клевети. Да ги видите овие монахињи кои се грижеа за секој човек како да е Исус“.

Кроткоста на монахињите и нивниот третман кон сиромашните беше особено импресивна, рече тој, наведувајќи дека со нив имал можност да го види „мајчинството на црквата“.

„Тоа е една од најубавите работи, да се најде мајчинството на црквата. Денес, тоа го чувствував, и благодарам на Македонија за тоа што го имав ова богатство во градот Скопје“.


Видео – Радио Слободна Европа

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1