37 познати компании не плаќале данок, имале помош од вработени во УЈП


Вработени во УЈП на 37 компании, од кои поголем дел приватни, но и неколку државни, им овозможиле да избегнат плаќање милионски суми за данок на добивка.

Досегашната истрага покажала дека најмалку двајца вработени задолжени за мониторинг на електронскиот систем, од кои едниот на раководна позиција, со помош на посебна програма за изземање од присилна наплата, во текот на 2016 и 2015 го спречувале печатењето опомени до овие должници.

– Се работи за познати компании. Сите се од Скопје. Секој е должен да плаќа данок според закон и и никој нема да биде привилигиран, рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Додека трае интерната истрага имињата на фирмите се третираат како даночна тајна, но директорката вели дека тие се од различни дејности, а дел од нив се и подолго време на листата најголеми должници за данок.

Не беа објавени ниту сумите на затаен данок бидејќи, како што рече Лукаревска, тие се менувале од период до период.

Против вработение во Управата за јавни приходи се покренати дисциплинскиу постапки, а ќе се бара и криивчна одговорност. Исртагата може да се прошири и на други вработени и компании.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1