384 загинале, исчезнале стотици! Страшно цунами ја погоди Индонезија


Индонезиските власти објавиле дека бројот на жртви на големиот земјотрес и цунамито во градот Палу на островот Сулавези пораснал на 384 луѓе, како и дека стотина луѓе биле повредени илјадници домови биле отштетни или уништени.

Портпаролот на владината агенција за вонредни состојби, Сутопо Пурво Нугрохо, за “AP” нагласува дека станува збор исклучиво за бројот на жртви на самиот остров Палу, а дека земјотресот и цунамито погодиле ва града и неколку населби на Сулавези.

Нугрохо рекол дека исчезнале стотици луѓе, кои учествувале на локалниот фестивал кој се одржувал на плажа и додал дека меѓу исчезнатите има танчери и забавувачи од фестивалот.

“Reuters” претходно објавил дека на брегот кај Палу биле пронајдени бројни човечки тела.

Се наведува дека во текот на ова утро продолжиле силните дополнителни потреси во овој крајбрежен град кој живее од туризам, по ударот на бранови повисоки од 3 метри кои биле предизвикани од вчерашниот земјотрес од 7,5 степени според Рихтер.
“Многу тела се пронајдени крај брегот по цунамто, но точниот број на жртви не е познат”, вели портпаролот на индонезиската владина агенција за вонредни ситуации, Сутопо Пурво Нугрохо.

Индонезиските власти уште немаат информации од градот Донгала, кој бил блиску до епицентарот на земјотресот, на 27 километри од него. Во Донгала и Палу живеат повеќе од 600.000 луѓе.
Тоа подрачје вчера прво било погодено од послаб земјотрес во кој настрадало едно лице и повредни биле најмалку десет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1