Националниот парк Пелистер на 12 август ги отвора вратите за берба на боровинка за што веќе е во тек издавање на легитимации за собирање на шумски плодови за 2016 година.
Од Националниот парк ги потсетуваат берачите дека е дозволена берба само на зрела боровинка.
„ Билкособирачите при собирање на шумски плодови треба да се придржуваат кон следниве услови:
– плодовите кои се собираат да се во оптимална зрелост;
– да не се оштетува коренот и репродуктивните органи,
– да не се собира со средства кои ја загрозуваат состојбата на растенијата,
– забрањето е кампирање и палење на оган, ноќевање вон туристичките објекти во Националниот парк Пелистер како и фрлање на отпадоци“, се вели во соопштението.
Лицата кои што ќе бидат затекнати на теренот без дозвола за собирање на шумски плодови, ќе бидат санкционирани согласно позитивните законски прописи.
Боровинката, која собирачите на боровинки ќе ја собираат на територијата на Паркот, (освендозволените до 5 килограми), се должни да ја продаваат на откупните пунктови на овластените откупувачи од страна на Паркот.
За лицата кои нема да се придржуваат на погоре наведените правила, Јавната Установа Национален парк Пелистер во соработка со Шумската и Редовната полиција, ќе превземе прекршочни и казнени мерки, предвидени со позитивните Законски прописи и следува глоба, која се движи од 800 до 4.000 евра – денарска противвредност.
Планинарите пак велат дека годинава поради временските услови слаб ќе бил родот на боровинака за разлика од минатите години
Од Националниот парк Пелистер пак велат дека не се знае колкав ќе биде годинава родот на боровинка додека не заврши бербата.