Четиригодишно девојче од Гостивар нападнато и изгризано од комшиско куче, се здобило со сериозни повреди по главата и на десното око. По вчерашниот оперативен зафат на долниот капак на окото, девојчето се опоравува на скопската Клиника за очни болести.
детето се здобило со сериозни повреди на капакот на окото, но за среќа, не го изгубила видот, нема да има проблеми со видот, раната добро е исчистена и не очекуваат какви било инфекции.
Сопствениците на домашните кучиња се должни да ги шетаат врзани со поводник и со корпа на муцката. Ова го предвидуваат последните измени на Законот за заштита и благосостојба на животните, кои беа донесени минатата година. глоба Е во износ од 100 до 400 евра.
Тој предвидува кога сопствениците ги шетаат домашните кучиња на јавни површини да носат поводник, а оние поагресивните и маска на муцката. Куче може да се пушти од синџирот и да се движи слободно во парк и на друга јавна зелена површина единствено од 22 до 8 часот налето и од 22 до 9 часот во зима.