Антикорупциска отвара постапки за петмина судии на кои ќе им ја проверува имотната состојба. Меѓу судиите се Владимир Панчевски, Александра Зафирова, претседателот на Врховен Суд Јово Вангеловски и Софија Лаличиќ Костова.
Претседателот на Врховен Суд, Јово Вангеловски, во својот имотен лист кој е достапен на страната на Комисијата за спречување криминал, пријавил дека има 4 стана во Скопје. Поседува „мерцедес бенз“, а како заеднички имот пријавил уште три возила, „лексус ИС“, „тојота селика“ и „крајслер кросфајер. Пријавил и деловен простор, земјоделско земјиште, акции, дивиденди, часовници Картие, закупнина, кредити, пренесе Плусинфо.
Имотниот лист може да го пгледнете ТУКА.
Инаку, од Антикорупциска се решиле да отворат постапка против судиите, по извештајот за човекови права на американскиот Стејт Департмент.
Антикорупционерите велат дека причина плус биле информациите кои кружеле во јавноста и ги поврзувале судиите со незаконски дејствија.