4-ца осудени по протестите за „Монструм“ излегоа од Шутка (Видео)


На слобода до правосилност на пресудата излегоа четворица демонстранти кои летоска добија по три години затвор за нередите при протестите против пресудата во „Монструм“. Откако изминал законскиот рок од 60 дена во кој пресудата не станала правосилна судот донел одлука да им го укине притворот и да ги пушти да се бранат на слобода. Од Кривичниот суд велат дека направиле се што можеле, но некои адвокати тактизирале при примањето на пресудата. Адвокатите негираат.monstrum2

Излегле од притвор четворица демонстранти кои во јули добија по три години затвор за протести пред судовите против пресудата за „Монструм“. Причина за ова е истекот на рокот од 60 дена од објавувањето на казните – период по кој не може да останат во притвор доколку пресудата не е правосилна, по што вчера биле пуштени од Шутка.

Од судот велат дека Кривичниот совет минатата недела согласно одредбите на новиот ЗКП донел одлука на четворицата од обвинети да им дозволи да се бранат на слобода до правосилност, а останатите двајца по нивно барање биле упатени на предвремено издржување на казната.

Всушност за овие 60 дена предметот не ни стасал до Апелација.

Од Кривичниот суд за Канал 5 велат дека ова се случило како резултат на тоа што дел од одбраната на тактизирала со примањето на пресудата иако знаеле дека роковите се кратки. Информираат дека ги направиле сите напори за пресудата да биде доставена до сите инволвирани страни, но дека се уште не добиле повратен одговор дека дел од адвокатите ја добиле пресудата во писмена форма, а според евиденцијата на судот дел од нив немале ни електронско сандаче за примање на судска пошта.

Адвокатите велат го почитуваат новиот ЗКП, работеле професионално и не тактизирале.

На крајот од јули шетсмина обвинети за учество во толпа добија по 3 години затвор, а двајца ослободителна пресуда. Минатата недела беше покренат нов обвинителен предлог против 10 учесници во протестите на 4 јули пред скопските судови.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1