Рекордни 40.000 Холанѓани се капеа во леденото Северно море, што е традиција да се прави на првиот ден од новата година.
Над 10.000 ја испочитуваа традицијата и влегоа во ладното море во Шевенинген. Останатите се низ цела Холандија.
Температурата на водата била 8 степени целзиусови. Најголемиот број од капачите носеа портокалово – националната боја.
,, е по малку блесаво но тоа ни е традиција и мора секој холанѓанец ова да го направи барем еднаш во животот,, изјавил 29 годишен холаѓанец кои веќе 11 години ја почитува традицијата и се капе во ледената вода.