40 долари за постарите жени, 170 за девојчиња – Џихадистите имаат ценовник (ВИДЕО)


Екстремистите од Исламската држава објавија нов видео запис на кој борци на ИД седат во соба и опуштено дискутираат како да купат и продадат Јазиди жени киднапирани од милитантите на почетокот на годината.

devojki500

43 долари е цената за јазиди-жените или христијанките на возраст меѓу 40 и 50. За оние на возраст меѓу 20 и 30 цената е 86 долари. Одвратниот тренд продолжува: девојките од 10- до 20-годишна возраст се продаваат за 129 долари, а за децата до возраст од 9 години важат највисоките цени до 172 долари или 200.000 динари.

„Цената е поголема ако има сини очи,“ вели еден.

„Ако има 15 години ќе мора да ја проверам, ќе мора да и ги проверам забите“, вели друг.

Во документот се наведува дека во последно време интересот за купување робови е опаднат.

„Пазарот за продажба на жени и друг воен плен доживува значителен пад, што има негативно влијание врз приходите на ИСИС и финансирањето на муџахедините“, се вели во документот, кој го добил веб-сајтот Ираки њуз.

Во документот, исто така, се вели дека на ниту еден поединец му е дозволено да купи повеќе од три роба.

„Каде е мојата јазиди-девојка?“, постојано прашува еден човек додека другите се смеат. Видеото било снимено во ирачкиот град Мосул, упориште на ИС од јуни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1