40 години затвор за убиецот на малолетната Ивана


Судот во Белград пресече-40 години затвор за убиецот на 14-годишната Ивана Подрашчиќ од Србија. Дарко Костиќ 40 години ќе помине во затвор за свирепото убиство кое го потресе регионот.

Тој е осуден за кривично дело-тешко убиство, бидејќи тој ја однел Ивана во напуштена куќа, ја силувал, а потоа ја убил брутално со мотика по главата.ivana-ubiec

Костиќ има право да поднесе жалба до Апелациониот суд за одлуката.

Инаку, тој уште во минатото, во 1993 бил учесник во бруталното убиство на 64-годишната Јулијана Лукшиќ. Тој заедно со другар ја заклал старицата.

Телото на Ивана беше пронајдено во 2014 година во напуштена куќа. Тој најпрво ја силувал, па ја убил со мотика.

Малолетничката претходно била пријавена за исчезната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1