Докторите во болница на истокот на Кина се шокирале кога востановиле дека трудното девојче има само 12 години, иако нејзиниот сопруг тоа го демантирал. Веднаш повикале полиција и мажот бил уапсен. Во придружба на оваа брачна двојка била и постара жена, за која се претпоставува дека е мајка на младоженецот. Тие дошле во болницата поради „Рутинска конторла на бременоста“ и тврдат дека девојчето е во третиот месец од бременоста.
Мажот и неговата мајка се обиделе да го убедат персоналот на болницата дека девојчето има 20 години. Докторите се обиделе да разговараат со трудното девојче, но таа не знаела ниту збор на мандарински јазик. Полицијата утврдила дека таа нема никакви документи и дека веројатно потекнува од друга азиска земја.
Во одредени делови на Кина на младоженците дома им носат девојчиња од Виетнам, со кои тие се женат. И невестата и младоженецот ,најчесто се малолетни.