40 гости завршија во болница поради храна која се служела на свадба


Свадба во Хрватска заврши фатално за 40 госто кои поради храната што се служела сега лежат во болница. Лекарите се сомневаат на Салмонела.

Никој од семејстввото кои лежат во оделението за заразни болести, не биле расположени за разговор додека не се дознаат конечните причини.696577_severina-hrana-na-svadbi01_f

– Во понеделникот се разбудив со тегобии во желудникот, но тоа не ме спречи да тргнам за Загреб. Меѓутоа, кога дојдов во Загреб и кога ми кажаа дека пријателите се со слични симптоми без размислување веднаш се упатив кон болницата.

Не свратив ни во станот, а кога пристигнав во болницата таму ги заткнав пола сватови со кои пред неколку дена бев во ресторанот Барун Тренк, на свадба кај Борис Голужм, вели Зоран Моксо Марунчек (53) од Винковац.

Зоран е веднаш хоспитализиран, под инфузија, веќе два дена не станува од кревет, и не престанува да повраќа.

Јас да се рече и дека добро поминав, но во болницата лежат младоженецот и младата и уште најмалку 40 луѓе кои присуствуваа на свадбата. Ова е голема катастрофа, повеќе од стотина луѓе страдаа од храната на свадбата на која беа 250 луѓе.

Според сопствените зборови, Зоран на свадбата јадел само месо, и тоа поховано пилешко.

Неможам да верувам дека и сите други јадеа само пилешко. Мислам дека сопственикот на ресторанот е познат бизнисмен Босиљко Станиќ, познат како сопственик на голем трговски ланец на Босо, тој дефинитно имал сомнителни намирници за кои сум уверен дека не поминале под никаков здраствен надзор, тврди Зоран.

Во заводот за Јавно здравство велат дека епидемијата е јасна, и се сомневаат дека станува збор за Салмонела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1