400 патници заглавени под Ла Манш


Дефект во електричната инсталација во тунелот под Ла Манш предизвика прекин на сообраќајот на возовите „Евростар“.

Во еден од нив, што тргна од Лондон кон Париз останаа заглавени 382 патници, заедно со стотина нивни патнички возила.

A high-speed Eurostar train leaves the Channel tunnel near the Eurotunnel terminal of Coquelles near CalaisИнцидентот со струјата се случил во моментот кога оваа композиција била точно на половината од 30-минутното патување под морското дно.

Патниците ги напуштиле вагоните и морале да бидат евакуирани, откако за нив бил испратен специјалне воз, со кој ќе бидат префрлени до Франција. Нивните автомобили меѓутоа останеле во композицијата која стои заглавена на средината од подморскиот тунел.

Инцидентот се случил утринава во 7,30 часот по британско време и предизвика застој во возењето на „Евростар“ возовите и целосно нарушување на возниот ред.

Екипите за отстранување на дефектот веќе се во тунелот, но се верува дека тие ќе може да ја завршат работата дури во вечерашните часови, па нормализацијата на сообраќајот преку овој тунел може да се очекува во текот на утрешниот ден. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1