Американската актерка Лиза Шеридан (44) пронајдена е мртва во својот стан во Њу Орлеанс. Тоа денеска го потврди нејзиниот менаџер Мич Клем. Причината за смртта и понатаму не е утврдена, а актерката е најдена во својот стан во понеделник навечер. Се уште се чека наодот од обдукцијата.
Таа се прослави со улогите во сериите CSI: New York и “Halt and Catch Fire”, пренесе NME.
Шеридан оствари повеќе од 30 ТВ улоги, а освен во “CSI”, се појави во “Mentalist”, како и во „Дијагноза убиство“. нејзината последна улога беше во филмот “Strange Nature” во режија на Џим Ојала. Беше верена за актерот Рон Ливингстон кого го гледавме во улогата на Бургер во „Сексот и градот“.