5 дена нема ни трага ни глас од таткото и синот изгубени на Бистра


Полицијата продолжува со потрагата по Љ.М. (78) и неговиот син С.М. (50) кои уште во четвртокот, на 14 јули излегле од нивната викендичка во Лазарополе на прошетка по падините на Бистра и се загубиле. Случајот бил пријавен на 14 јули околу 14 часот, а последниот контакт со нив бил истиот ден околу 22 часот кога се потрошила батеријата на нивниот мобилен телефон.babuna - planina

„Батеријата ни е при крај, апаратот ќе се исклучи, нема да може да контактираме повеќе. Изгубени сме во планината“. Ова биле последните зборови на таткото и синот.

Оттогаш по нив интензивно се трага. Првите два дена биле ангажирани и специјалците на МВР со кучиња трагачи, во саботата Бистра била надлетувана од хеликоптер, полициски единици од Ростуше секојдневно пребаруваат, вклучени биле и граничните полицајци, мештаните и вработените во Националниот парк Маврово… Како во земја да пропаднале, велат полицајците.

Спасувачките екипи и натаму интензивно трагаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1