5 години затвор ако крадете струја, вода или парно


Новите измени во кривичниот закон кои ги предлага министерството за правда предвидуваат затворски казни за крадење струја, вода или парно.

Како што пишува Вест со најновите предлог измени министерството сака да се дефинираат казните за кражба и предвидува затвор до 3 години и парична казна за приклучување на диво на струја, вода или парно.

Казна ќе има и ако се отстрани, онеспособи или премости уредот за мерење на потрошеното. 5 години затвор ќе следат ако украдената струја, вода или парно се со поголема вредност. Ова се однесува на индивидуалните корисници, додека фирмите за истото ќе плаќаат парични казни.

Досега судот има изречено затворски казни за крадење струја во времетраење од 6 месеци до 1 година.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1