Пет лица починале денеска во Софија, Бугарија, како последица на високите температури кои надминале 35 степени. Меѓу починатите има и деца кои се на возраст од 13 до 17 години и еден 75-годишен маж кој трчал во парк.
Центарот за итна медицинска помош соопштил дека поради високите температури до 13 часот денеска колабирале 179 лица.
Лекарите ги советувале граѓаните да не излегуваат од дома и да пијат повеќе течности, бидејќи метеорозлоите за денеска предвиделе дека ќе биде најтоплиот ден во Бугарија.
Во 17 бугарски области прогласен е црвен метеоаларм со температури до 44 степени, а во 11 области вклучувајќи ја и Софија портокалов метеоаларм со предупредување за температури до 41 степен.