Почина жената во која вчера пукаше нејзиниот сопруг – ќерката во критична состојба


Утрово починала П.Т.(78), сопругата на скопјанецот кој вчера пукаше во неа, во неговата ќерка и во неговиот внук, соопшти денеска полицијата.

Како што објавивме вчера, во 12.40 часот во Скопје, на улицата „Хо Ши Мин“ во куќата сопственост на П.Т. (84) од засега неутврдени причини тој со својот пиштол „берета“ со калибар 7,65 мм, кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум во правец на неговата сопруга П.Т. (78) нанесувајќи и огнострелна повреда во пределот на грлото, а потоа пукал и кон неговата ќерка Л.С. (58) од Скопје нанесувајќи и огнострелна повреда во пределот на главата.

Неговиот внук Т.С.(32) откако влегол во ходникот од куќата, од страна на П.Т. бил погоден во пределот на главата при што поради тежината на огнострелната повреда починал на самото место. Потоа П.Т. со пиштолот си пукал во главата и се самоубил.

Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта кај Т.С. и П.Т. додека Л.С. и П.Т. биле пренесени во Клиничкиото центар во Скопје за укажување на лекарска помош. Утрово починала и П.Т. додека Л.С. и натаму се наоѓа во животна опасност. По наредба на ЈО телата на починатите се пренесени во Институт за Судска медицина. Се работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1