5 лица загинаа во страотната сообраќајка кај Битола – 2 тешко повредени


zaginaaВечерва нешто околу 21:00 часот кај Лознани битолско се случи тешка сообраќајна несреќа во која пет луѓе загинаа, а двајца патници се тешко повредени и се пренесени на клиниката во Битола на одделението за интензивна нега, јавува битолска ТВ Тера.
Од СВР Битола за Тера ја потврдија информацијата. Незгодата се случила на новиот пат Битола- Прилеп. Клучката на влезот на Битола е затворена за сообраќај, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1